Оланд: Исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД
Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд оцени дека исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД во 2024 година.
– Доколку Трамп биде избран, ќе рече, застануваме тука; што и да имаат Русите можат да задржат. Војната чини премногу, рече Оланд во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според него, она што се сменило од времето кога тој бил на власт е тоа што обликот на новиот геополитички поредок станал појасен, при што оската Русија-Кина се консолидира и го предизвикува Западот.
Единствениот претседател во историјата на Петтата република кој одлучи да не бара втор мандат, 68-годишниот Оланд, по три политички книги и две книги за деца, е подготвен да се врати во политиката и вели дека жали поради одлуката да не се кандидира за втор мандат.
– Се каам што го кажав тоа во тоа време. Ги немав сите елементи што ми беа потребни за да донесам правилна одлука, вели Оланд.
Според него, Франција е во „опасна“ криза, со неодамнешните демонстрации и штрајкови поради одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја спроведе пензиската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
– Традиционалната левица е заробена од радикалите, а традиционалната десница е скршена, опасноста е од социјалните немири да има корист само екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, рече Оланд.
Тој додаде дека верува во концептот на европска стратешка автономија и неопходноста од развој на заедничка европска одбрана, но таа автономија секогаш мора да биде поврзана со НАТО.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници