Оланд; Франција не може се сама во одбраната на ЕУ
Франција може да ја преземе лидерската улога во европската воена соработка, но не може се сама, изјави денеска во Братислава францускиот претседател Франсоа Оланд.
- Франција вложува главни напори на полето на европската одбрана, но не може и не сака во тоа да биде сама, посочи Оланд пред почетокот на самитот на Европска унија на тема Европа по Брегзит, чиј фокус ќе биде безбедноста.
Тој наведе дека Франција сака да соработува со своите партнери за да ја обезбеди одбраната на Европа, во согласност со постоечките сојузи, пред се со САД во рамките на НАТО.
- Европа мора да биде способна сама да се брани, додаде Оланд.
Франција, која е главната воена сила по Брегзит, заедно со Германија, се залага за поактивна одбранбена политика со цел да се врати довербата што беше разнишана по терористичките напади, мигрантската криза и глобализацијата.
Ново на Сител
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија