Кошарка
18. February 2019 - 16:29

Ол стар викенд: Триумф на тимот на Леброн

Последниот ден на олстар-викендот во Шарлот, Тимот Леброн победи притив Тимот Јаниас 178:164. За најкорисен играч на мечот беше прогласен Кевн Дурент.

Тимот на Јанис Адетокумбо подобро го отвори натпреварот. Константно во предност Адетокумбо и останатите беа три четвртини, а на почетокот на третиот период имаа предност од 20 поени.

Потоа оние што играа за Тимот Леброн влегоа во серија тројки, погодија седум (три погоди Лилард, а по две Бил и Томпсон).

Во последниот период се активираше и капитенот Леброн и со серијата 7:0, овој тим на три минути до крајот го реши победникот.

Кевин Дурент ги предводеше победниците со 31 поен и седум скока, на крајот тој беше прогласен за МВП на Олстар 2019. Ова е втора ваква награда за Дурент, првата ја освои во 2012 година, Клеј Томпсон постигна 20 поени, а капитенот Леброн Џејмс 19.