Оксфорд: Петина од излекуваните од Ковид-19 ќе добијат психичка болест
Една петина од пациентите кои се излекувале од коронавирусот најверојатно ќе развијат некоја психичка болест, велат истражувачите од Универзитетот Оксфорд, после големо истражување кое покажало дека 20 проценти од заразените развиле ментални проблеми во рок од три месеци.
Најчести нарушувања биле анксиозност, депресија и несоница, но истражувачите откриле и поголем ризик од деменција.
– Луѓето се загрижени дека излекуваните пациенти од корона се во поголема опасност да добијат ментална болест, а нашето истражување покажа нешто слично, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Универзитетот Оксфорд
Лекарите и научниците ширум светот се обидуваат да ги утврдат причините за ментални нарушувања што е можно побрзо и да најдат одреден третман за лекување на психата по заздравувањето од коронавирусот, додаде Харисон.
– Здравствените служби мора да посветат посебно внимание, особено затоа што нашето истражување за бројот на ментални нарушувања ќе се земе со резерва, додаде тој.
Студијата, која е објавена во психијатрискиот журнал „Лансет“, електронски анализирала податоци од 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи 62.000 кои биле заразени со коронавирусот.
После три месеци откако биле позитивни на коронавирусот, секој петти излечен имал ментални проблеми за прв пат во животот, како што се анксиозност, депресија или несоница.
Студијата исто така покажала дека луѓето кои имале ментални проблеми пред да бидат заразени со корона имаат 65 проценти поголема веројатност да се разболат од Ковид-19 отколку оние кои немале такви проблеми.
Невролозите кои не биле вклучени во оваа студија рекоа дека резултатите само потврдуваат дека Ковид-19 може да влијае врз мозокот и умот, зголемувајќи го опсегот на психијатриски заболувања.
– Ова веројатно се должи на комбинацијата на психолошкото влијание на пандемијата и физичките последици од болеста, изјави Мајкл Блумфилд, консултант психијатар на универзитет во Лондон.
Сајмон Весли, од Кралскиот универзитет во Лондон, вели дека луѓето со одредени ментални нарушувања се изложени на поголем ризик да добијат коронавирус.
– Ковид-19 влијае на централниот нервен систем и може да предизвика нарушувања. Но, ова истражување потврдува дека ова не е целата приказна и дека ризикот е зголемен со претходните состојби на умот, рече тој.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут