„Оксфам“: Еден процент од најбогатите жители поседуваат повеќе од останатите 99 проценти

Еден процент од најбогатите жители поседуваат повеќе од останатите 99 проценти, објави денеска британската невладина организација „Оксфам“ пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос.
„Оксфам“ во извештајот посочува дека во последните 12 месеци драстично се зголемила разликата меѓу најбогатите и другиот дел од населението.
Организацијата како пример за нееднаквоста во последните години наведува дека 62 најбогати луѓе имаат толку колку посиромашната половина од човештвото.
„Оксфам“ ги повикува учесниците во Светскиот економски форум во Давос да дејствуваат.
- Не можеме да продолжиме и да ги оставиме стотиците милиони луѓе да страдаат од глад, кога ресурсите, што би можеле да им помогнат, се во рацете на неколку луѓе на високо ниво, се посочува во извештајот.
„Оксфам“ за неутрализирање на нееднаквоста предлага да се стави крај на епохата на даночните раеви. Девет од 10 компании, стратешки партнери на Светскиот економски форум во Давос, имаат сметки барем во една земја - даночен рај.
- Таквиот систем за криење на даноците не дозволува стотици милиони луѓе да излезат од сиромаштијата, се наведува во извештајот.
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
