Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
Бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани започна од денеска во државава. Во поликлиниката „Бит Пазар“ има 600 термини на ден, а од утрово околу двесте лица се вакцинирани, информираше попладнево доктор Сања Цилевска Младеновска.
Таа во изјава за медиумите појасни дека ретко кој ги пропушта термините. Граѓаните си доаѓале навреме, немало поголеми застои.
- Пациентите си се закажани на термин. Претходно имаше можност да аплицираат на вакцинација.мк. Си добиваат СМС порака, каде што им стои местото и времето кога треба да дојдат, потсети Цилевска Младеновска.
Таа истакна дека грипот кај одредена популација може да направи сериозни проблеми и сериозни компликации и неповолен исход на самата болест.
- Граѓани повозрасни од 65 години, граѓани кои имаат сериозни хронични заболувања, малите дечиња од шест месеци до пет години, бремените жени и здравствените работници кои секојдневно се изложени на грипот преку своите пациенти, секако треба да си ја примат вакцината. Затоа што вакцината е добра, сигурно штити од комликации. Може нема да ги заштити да не се разболат од грип, меѓутоа ќе заштити од сериозни компликации, хоспитализации и несакан исход, подвлече Цилевска Младеновска.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите