Околу 500 сириски бунтовници од Турција влегле во Сирија да се борат против Курдите
Најмалку 500 сириски бунтовници ја минале турската граница и се упатиле кон сирискиот град Азаз, во провинцијата Алепо, за да ги поддржат бунтовниците во северна Сирија против курдските сили, пренесуваат француските медиуми, цитирајќи го Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
- Најмалку 500 бунтовници минаа преку граничниот премин Баб ал Саламе и тргнаа кон градот Азаз, каде сакаат да ги поддржат своите истомисленици против настапувањето на курдските сили во северниот дел на провинцијата Алепо, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.
По големиот пробив на сириската армија, поддржана од руски воздушни напади, бунтовниците ја загубија контролата врз неколку населени места во провинцијата Алепо, која се смета за нивно утврдување.
Загрижена од напредокот на курдските сили кон нејзината јужна граница, Турција, која го поддржува бунтот против Башар ал-Асад, во текот на изминатата ноќ ги подложи на артилериски напади позициите на сириската армија во Тал Рафат, во провинцијата Алепо.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја потврди решеноста на својата земја да ги продолжи нападите врз курдските вооружени формации во Сирија и изјави дека никогаш нема да прифати нов курдски бастион до турската граница.
- Нашите сојузници бараат да го запреме гранатирањето на Силите за заштита на народот (вооружените формации на Курдскиот демократски сојуз). Жалам, но не може ни збор да стане за заприрање на нападите, рече Ердоган во говор во Анкара.
Неколку часа по неговиот говор во Анкара беше извршен атентат со автомобил бомба врз армиски автобуси, во кој загинаа најмалку 28 лица,а 61 беа ранети, напоменуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА