Околу 50 згради во Карпош ќе добијат нови фасади
До крајот на годинава во општина Карпош целосно ќе бидат завршени реконструкциите на речиси 50-тина фасади на колективни станбени објекти. Во наредните четири-пет години треба да се реновираат сите фасади во оваа локална самоуправа и да се заменат со енергетски ефикасни.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој рече дека граѓаните ќе добијат термоизолирани фасади кои во натамошниот период ќе заштедуваат од енергијата потребна за затоплување и ладење.
- Продолжуваме со реконструкција на фасадите во општина Карпош, овој пат на улиците „Волгоградска“ и „Соле Стојчев“. Целокупната инвестиција е некаде околу девет милиони денари, средства од буџетот на општина Карпош. Бидејќи ова е улицата која кореспондира со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ планираме фасадата и целата архитектура да биде компатибилна со трговскиот центар, се со цел улиците „Љубљанска“ и „Волгоградска“ да бидат во една композиција заедно со обновените објекти во делот на Карпош 3, рече Јакимовски.
Тој апелираше до жителите да се потрудат пред реконструкцијата на фасадите да ги променат своите прозорци и да стават термички се со цел, како што рече, да се постигне поголема енергетска ефикасност.
Јакимовски ги повика сите граѓани кои се заинтересирани за обнова на лифтовите и покривите, да се пријават на време бидејќи тие ќе се реконструираат заеднички со општината која ќе помогне со сопствени финансиски средства .
- Планираните 11 станбени објекти за реконструкција со термичките фасади на територија на Карпош 4, ќе бидат целосно обновени и со тоа безбедни за наредните 30-тина години, рече Јакимовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден