Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина
Околу 50 земји синоќа ја потврдија својата поддршка за Украина во ОН на 1.000-от ден по почетокот на руската инвазија врз земјата, со заедничка оценка дека „војната мора да престане“ и барање за итно повлекување на руските сили од украинска територија.
– Ја потврдуваме нашата поддршка за суверенитетот, независноста и единството на Украина, изјави украинскиот амбасадор во ОН Серхиј Кислица во име на околу 50 земји.
Околу Кислица пред новинарите се собраа претставници на сите поддржувачи на Украина, од САД до Велика Британија, вклучувајќи ги Франција, Јапонија, Австралија, Канада, Швајцарија, Аргентина, Јужна Кореја и Европската унија.
– Оваа војна мора да престане. Го повторуваме нашето барање Русија да престане со употребата на сила против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од украинската територија во нејзините признати меѓународни граници, се вели во заедничката изјава.
Се додава дека „се осудуваат континуираните неселективни напади на Русија врз густо населените станбени области како и врз критичната цивилна инфраструктура во Украина, каде што бројот на жртвите, раселувањето и уништувањето секојдневно се зголемуваат“.
– Илјадитиот ден од војната е трагичен потсетник за потребата да се остане посветен на обезбедување дека меѓународното право преовладува не само во Украина, туку и секаде каде што е оспорено, велат државите.
Ново на Сител
-
Залужни: Третата светска војна веќе започна
-
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука
-
Медведев: Добивте тоа што баравте
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари
-
Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“