Околу 3.000 украински камиони се блокирани на граница, блокадата на полските возачи трае повеќе од 10 дена
Околу 3.000, главно украински камиони се заглавени на полската страна од границата во неделата наутро поради блокадата на полските камионџии која трае повеќе од десет дена, соопштија украинските власти.
Полските камионџии веќе ги блокираа патиштата што водат до трите гранични премини со Украина на почетокот на овој месец, протестирајќи против, како што велат, владината неактивност што им дозволува на домашните возачи да ги загубат своите работни места поради странската конкуренција што се појави откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Украинските власти минатата недела објавија дека Киев и Варшава и овој пат не постигнале договор за прекин на протестите. „Повеќе од десет дена украинските возачи се блокирани на полската граница.
Илјадници луѓе се принудени да живеат во тешки услови со ограничено количество храна, вода и гориво“, напиша на „Икс“, Олександр Кубраков, заменик-премиер на Украина.
Според податоците на украинското Министерство за инфраструктура, границата со Полска месечно ја минуваат во просек од 40. 000 до 50.000 камиони преку осумте постоечки премини, што е двојно повеќе од пред војната.
Украинските посредници во транспортот на житото минатата недела предупредија дека патните испораки на намирници и храна во првите 13 дена од ноември во Украина се намалиле за 2,7 отсто поради тешкотиите на полската граница, а причината е штрајкот на возачите на камиони.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
