-->
-->
Околу 2.600 земјоделци пријавиле штети од пролетниот мраз во Кавадарци
-->

Штети од пролетниот мраз во Кавадарци пријавиле околу 2.600 земјоделци, изјави денеска Зоран Шалев, началник во кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Девет комисии се уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури, кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.
- Земјоделците бараат обесштетување за претрпените штети кај лозовите и овошните насади. Првичните сознанија од терен говорат дека мрзнењето кај овошките и виновите лози се движи од десет до сто проценти, зависно од катастарската општина и местоположбата на насадите, нагласи Шалев.
Најголеми се штетите во насадите покрај реките Луда Мара и Црна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
