Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат поради ненамерни лекарски грешки
Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, објави Светската здравствена организација по повод Светскиот ден за безбедност на пациентите.
Четворица од десет пациенти доживуваат некој вид штетни последици во амбулантите и болниците, а 134 милиони штетни реакции на лекови се регистрираат секоја година во болниците во средно развиените и неразвиените земји.
Според епидемиолошките податоци, ненамерната штета кај пациентите поради грешка во текот на лекувањето во болниците се појавува кај осум од 12 отсто хоспитализирани пациенти.
СЗО, која почнува кампања за подигнување на свеста за безбедноста на пациентите и создавање сигурна здравствена заштита, порачува дека голем број такви случаи можат да се спречат. Тие препорачуваат носење јасни насоки, добра организација, вработување квалификувани здравствени работници и ефикасно вклучување на пациентите во грижата за сопственото здравје со оглед на фактот дека анкетите укажуваат на недоволно или проблематично ниво на здравствена писменост речиси на половина од анкетираните Европјани.
Речиси 60 отсто од анкетираните веднаш по посетата на лекар не ги разбираат упатствата за земање на препишаниот лек, а во Европската унија просечно 548 луѓе дневно умираат поради неправилно земање лекови.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто