ОН: Околу 200.000 Палестинци го напуштија северниот дел на Газа во последните десет дена
Судирите меѓу израелската армија и палестинските екстремисти на северот на Појасот Газа принудија уште 200.000 луѓе да го напуштат југот во изминатите десет дена, објави хуманитарната канцеларија на ОН.
Израелската армија со денови ги повикува жителите на северот да се преселат на југ, односно подалеку од центарот на конфликтот. Повеќе од две третини од 2,3 милиони жители на Појасот Газа ги напуштија своите домови од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас пред 39 дена.
Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања OCHA објави дека само една болница на север може да лекува пациенти. Двете страни се судираат околу болниците каде пациентите, новороденчињата и здравствените работници се под опсада без струја и нема залихи.
Повеќе од 11.000 Палестинци загинаа во Газа, од кои повеќето жени и малолетници, а околу 2.700 се водат како исчезнати. Повеќе од 1.200 луѓе беа убиени во Израел, а околу 240 заложници беа однесени во Газа.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека