Балкан
4. July 2017 - 20:08

Околу 200 саудиски граѓани дневно бараат визи за БиХ

Околу 200 саудиски граѓани дневно бараат визи за патување во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми.

Босанската амбасада во Ријад ја доби очекуваната техничка помош, но сега повторно има проблем со недостиг на лепенки.

Амбасадорот Сенахид Бристриќ заедно со уште двајца службеника работат на барањата и внесуваат податоци дури и во неработни денови.

Службата за работа со странци денеска одобрила 150 молби за итни визи за Саудијци, кои ќе патуваат во следните денови и имаат резервирано хотели и купени авионски карти.

Хрватските медиуми неодамна објавија за зголемениот интерес од страна на арапски инвеститори, кои преку посредници купуваат земјишта во БиХ.