Околу 100 хектари шума изгореа последните три дена во Делчевско
Вкупно 1,6 милијарди денари е штетата од пожарите што ја зафатиле територијата на Општина Делчево во последните 12 години.
Според командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, на територијата на Делчево има 24.000 хектари шума од прв степен на загрозенот, а само последниве три дена во три големи шумски пожари изгореа околу 100 хектари.
Најголем проблем при интервенција на големи шумски пожари, потенцира Атанасовски, е неопременоста со соодветни возила.
- Располагаме со возила стари и над 40 години. Тие не се за гаснење шумски пожари. Дирекцијата за заштита и спасување никако не сака да додели соодветно возило за гаснење шумски пожари. Такви возила добиле другите ТППЕ од регионот, но од неразбирливи причини не се доделува возило на Делчево. Затоа е и отежнато гаснењето, а кога немаш соодветна опрема, тогаш ризикуваш човечки животи, но и интервецијата задоцнува. Таков, беше пожарот пред два дена, од висок ризик, рече Атанасовски.
Деновиве, информира, повторно ќе биде испратено барање до Дирекцијата за донација.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување