ОЈО Велес бара притвор за тројцата учесници во настанот во кој беше повреден полицаец

OЈО Велес достави предлог до судија на претходна постапка во Основен суд Велес за мерка притвор на тројцата кои учествуваа во расправија кај гробиштата кај црквата „Св. Спас“ во Велес, при што еден од нив на полицаецот му го одзема службениот пиштол и тешко го рани со четири огнострелни рани во абдомен и една во колено.
Имено, по лишувањето од слобода од страна на полицијата на 31 годишниот Ѓ.К утрово околу 10 часот, кој вчера тешко рани полицаец и се даде во бегство, полицијата по неговото приведување утрово достави кривична пријава до ОЈО Велес.
Како што информира за МИА, Гордана Тодорова од ОЈО Велес, тие денеска ги сослушале тројцата сведоци учесници во настанот и донеле одлука за спроведување истражна постапка на три лица Ѓ.К., М.К и О.К. и до судија на претходна постапка на Основен суд Велес поднеле предлог за определување на мерка притвор,заради обезбедување на присуство на осомничените во текот на истражната постапка и нејзино непречено водење.
– За Ѓ.К кој пукаше во полицаецот за кривично дело -убиство од член 123 став 2 точка 8 од член 19 од КЗ, а за М.К и О.К за кривичн дело убиство од член 123 став 2 точка 8 од член 19 в.в.19 и в.в 24 од КЗ, и за кривично дело напад врз службеното лице при вршење на работи од безбедноста по член 383 од К.З., појасни Тодорова.
Настанот се случи вчера околу 10,15 минути кога двајца полициски службеници при превземање на служени дејствија беа физички нападнати од четири лица.
Еден од напаѓачите 31 годишниот Ѓ.К. на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. со приватно возило по настанот бил префрлен во ЈЗО Општа болница во Велес каде беа констатирани четири огнострелни рани во абдоменот и една во колено. Но, поради тежината на повредите иако вон животна опасност повредениот полицаец беше префрлен на понатамошн лекување во Клиниките во Скопје.
Тројца од напаѓачите вчера беа приведени во Полициската станица.
Четвртиот кој пукаше и го рани полицаецот со четири огнострелни рани во абдоменот и беше во бегство, 31 годишниот Ѓ.К полицијата утрово околу 10 часот го приведе.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
