ОЈО со истражни дејствија за „Рекет“, во тек се финансиска истрага и вештачења
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.
Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.
– Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, соопштија од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката, се подлекува, нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.
Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамки на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.
Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите

