ОЈО – Скопје поведе постапка за вработен во Универзитетската клиника, осомничен за примање поткуп
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник од Дебар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во септември и октомври 2022 година, како вработен на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје, информираа денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.
– Тој во два наврати директно побарал и примил подарок за себе за да изврши службено дејствие кое што би морал да го изврши – да издаде имунотерапија за една пациентка, иако терапијата бил должен да и ја издаде од аптеката во рамки на клиниката, по издаден медицински извештај од лекар – специјалист, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Надлежниот јавен обвинител, со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничените за преминување на државна граница, забрана за приближување и одржување контакти со оштетената и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица