ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип извршил увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена. Како што соопштија од ЈО, едно лице е задржано во полициска станица.
- При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, се наведува во соопштението.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено. Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија, се подвлекува во соопштението, упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага.
Ново на Сител
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
