ОЈО: Продолжува истрагата за случувањата во кумановско Диво насеље
Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9. мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите, соопшти денеска Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија.
- Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко - техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се појаснува во соопштението.
Надлежното обвинителство, се посочува, продолжува континуирано со преземање дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите.
Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава