-->
-->
ОЈО: Притвор за наставник поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години
-->

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Судот на осомниченото лице му одреди мерка притвор.
Осомничениот наставник, на 29 јануари, во училиште во селото Чегране, извршил полови дејствија врз ученичка на возраст од 9 години. Тој за време на паузата за одмор ја повикал оштетената да оди кај него во училницата, ја допирал и ја бакнувал, при што со мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето. Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот и кажал дека повторно ќе ја повика, соопшти ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност тој да го повтори делото или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
