Македонија
17. February 2019 - 16:08

ОЈО ќе ги повикува на распит сите преживеани патници во несреќата кај Ласкарци

Јавното обвинителство најавува обемен процес на сослушување на преживеаните патниците од автобусот на Дурмо Турс.. По нивното закрепнување сите ќе се повикуваат на распит дури и по неколку пати, за како што велат од обвинителство, формирање на целосна слика за тоа што се случувало во автобусот непосредно пред несреќата..

„Освен исказите на луѓето кои се превезувале, од нив ќе се бара и целокупната медицинска документација за лекувањето бидејќи и таа ќе служи како доказен материјал во пронаоѓањето на причините за трагедијата“, велат од обвинителство..

Во очекување на резултатите од истрагата, сопственикот на превозната компанија како причина за сообраќајката ја наведе моменталната здравствена состојба на возачот.. Смета дека најверојатно тој изгубил свест па автобусот излетал од автопатот..

Во меѓувреме МВР истражува како сопственикот на превозната компанија сам си вршел прегледи за исправноста на возилата во станицата за технички преглед каде тој е управител.. Од таму е одземена целата документација која треба да открие како се одржувале возилата.. 

Инаку исправноста на возилото во кое загинаа 15-мина, ќе ја истражува лабораторијата за сообраќајни возила при Машинскиот факултет.. Таму ќе треба да се утврди дали автобусот стар 18 години кој е увезен од странство, ги задоволувал критериумите за превоз на патници..

Според неофицијални информации, во моментот на несреќата, автобусот се движел со брзина од околу 80 километри на час..