-->
-->
ОЈО: Бројот на жртви и повредени во пожарот во Кочани се утврдува
-->
Голема трагедија го погоди Кочани, а од ОЈО велат дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Како што велат, бројот на жртви и повредени се утврдува. „Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани.
На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, додавааѕ од ОЈО. Според медиумите, има голем број жртви и повредени. Пожарот настанал од пиротехника, според првичните објави во медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сочувство од Вселенскиот Патријарх за трагедијата во Кочани
-
Утрово почина долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани
-
„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба