Охридското Езеро порибено со 1,7 милиони подмладок охридска пастрмка
Охридското Езеро вчера беше порибено со 1,7 милиони единки подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка, обезбедени од мрестилиштето кај Лин на албанска страна.
На порибувањето присуствуваа и министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и неговиот албански колега Бледи Чучи.
Вчерашното порибување го заокружува процесот на порибување на Охридското Езеро со пастрмка согласно обврските што ги има преземено албанската држава за одржување на рибниот фонд на езерото.
Албанскиот министер Чучи истакна дека процесот на порибување се спроведува на начин што од рибарите се откуупваат заловените полово зрели единки кои после измолзувањето на икрата се враќаат назад во езерото.
На средбата на министрите нагласена е потребата од справување со појавите на илегален риболов на двете страни од езерото, преку соработка на сите нивоа на управувањето со ревирот. Во таа насока е најавено потпишување билатерален договор за заедничко одржливо управување со риболов на Охридското Езеро и Голема Преспа.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“