-->
-->
Охрид темелно ќе се дезинфицира по продолжениот викенд
-->

Интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти ќе следува во Охрид по завршувањето на продолжениот викенд, заради заштита од ширењето на коронавирусот, велат од кризниот штаб на општината.
Викендов во Охрид има околу 5.000 гости, главно од Скопје, Тетово, Куманово, каде е во тек тридневниот полициски час, и од други градови. Сместени се во викенд-станови и во куќи на охриѓани.
Во Охрид, каде полицискиот час викендов е секој ден од 16 до 5 часот, досега има 31 заболен од коронавирус, а вчера беше регистрирани пет новозаболени.
Заради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекциските служби вршеа и интензивни контроли. Државниот пазарен инспекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19.
Како што соопшти денеска во Охрид, раководителката на инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, инспекциските служби вршеле контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички места низ државата.
„Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска. Таа истакна дека најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
