Македонија
7. May 2016 - 16:08

Охрид со културно историското богатство, природните убавини ќе биде промовиран низ целиот свет

Охрид со културно историското богатство, природните убавини,традиционалната храна  и туристичката понуда ќе биде промовиран низ целиот свет.

Огромниот број на странски туристи кои оваа сезона се очекуваат да дојдат во градот и околу 300 врвни  туристички експерти кои ќе бидат дел од Меѓународната конференција „Adventure Next Balkan“ која ќе се одржи од 10 до 12 мај ќе имаат можност да ги истражуваат и запознаат авантуристичките туристички потенцијали а светските тур оператори ќе може да креираат пакет аранжмани.

Со збогатена и проширена понуда туристичките работници ги привлекуваат туристите.

Со оглед на тоа дека алтернативните форми на туризам се едни од најзастапените од странците за време на нивните посети.

Црвениот крст од Охрид ќе се грижи за безбедноста со свои тимови за спасување на планина и непристапни терени.