Македонија
31. December 2023 - 16:48

Охрид предновогодишно со гости од регионот

Охрид одбројува до дочекот на Новата година. Се е подготвено за најлудата ноќ во годината а туристичките работници задоволни од исполнетоста нудат богати примамливи понуди и забави за сечиј вкус до раните утрински часови.

Низ градот  се чувствува празничната раздвиженост карактеристична за овој период, туристите воодушевени од она што се нуди како дестинација.

Туристите од соседството од Србија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Грција и Албанија, но и домашните се најбројни во главниот туристички центар, тие уживаат во празничниот амбиент покрај брегот на езерото.

Покрај новогодишните, и за останатите празници кои традиционално траат се’ до големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите градот ќе биде исполнет со гости.