Охрид подготвен за пречек на американскиот државен секретар Помпео
Охридските локални институции и јавни претпријатија се целосно мобилизирани за утрешната посета на американскиот државен секретар Мајк Попмпео на Охрид.
Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ деновиве имаат зајакнати активности за што почист град – се косат тревниците и се мијат улиците, особено во оние делови на градот каде е предвидено да се движи делегацијата при нивната посета на Охрид.
Согласно препораките од Министерството за надворешни работи, отстранети се сите контејнери на трасата каде ќе минува високата американска државна делегација и се одржува висок степен на хигиена во градот со дежурни екипи што постојано се на терен.
Дежурни екипи на претпријатието постојано ќе бидат на терен за да собираат отпад што евентуално би бил оставен за време на посетата на американската делегација, а особено се внимава на потегот долж булеварот „Туристичка“, како и во Стариот дел на градот, затоа што, според протоколот, предвидено е секретарот Помпео да ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта, што беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.
Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, исто така, е подготвен за утрешната посета, со сите спроведени процедури предвидени при оперирање во услови на зголемена безбедност, што е вообичаена практика при вакви официјални посети на највисоки државни делегации.
Деновиве во Охрид е забележано зголемено присуство на униформирани и неуниформирани полициски и службеници од државните безбедносни агенции. Полицијата дури ги запишува и регистарските таблички на возилата што се движат низ градот.
Од полицијата се остварени контакти со правните лица одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Одделението за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, како и со други релевантни субјекти. Дислоцирани се сите возила од паркинг-местата долж булеварот „Туристичка“ и неколку улици во Стариот дел на градот, каде ќе минува делегацијата. На тие сообраќајници и улици, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила во текот на утрешниот ден, така што останува апелот до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници
Ново на Сител
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид

