Македонија
18. August 2023 - 18:19

Охрид: 25-годишник обидувајќи се да побегне со возило удрил двајца полицајци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, известуваат од МВР.

На 31.07.2023 пред угостителски објект во Охрид, пријавениот со остар предмет му се заканувал на Н.М. од Охрид, а кога на местото пристигнале полициски службеници, обидувајќи се да побегне, со возило удрил двајца полициски службеници.