Огромна рација во центарот за илегални мигранти кај Сараево, упаднаа 300 полицајци
Полицијата и припадниците на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА) утрово извршија голема рација во центар за сместување илегални мигранти во околината на Сараево, во акција насочена против мрежата на шверцери на луѓе, потврди Државната агенција за истрага и заштита (СИПА).
Заедно со членовите на СИПА и ОСА, во акцијата беа вклучени и граничните полицајци и Службата за странци при Министерството за безбедност на БиХ. Акцијата на околу 300 полицајци ја координирало Обвинителството на БиХ.
Во полициското соопштение се наведува дека бил блокиран мигрантскиот центар во градот Блажуј, а биле претресени објектите и сите лица таму. Целта беше да се пронајдат лица кои нелегално престојуваат во центарот, да се пронајде нелегално оружје и дрога и други докази за извршени кривични дела.
Како што се наведува, полициската рација била насочена и кон организаторите на групата чии членови извршиле кривично дело криумчарење мигранти. Во околината на Сараево има два помали центри за привремено сместување на мигрантите кои пристигнуваат во таа земја од Србија и Црна Гора, додека останатите се во поширокото подрачје на Бихаќ, каде по правило има најголема концентрација на оние кои се обидуваат илегално да го продолжат своето патување во Хрватска и другите земји од Европската унија.
Ново на Сител
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
