-->
-->
Ограбена спортска обложувалница во Скопје
-->
Ограбена е спортската обложувалница „Спорт лајф“ на ул .„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје од две засега непознати маскирани лица кои со закана со пиштол од вработените го зеле дневниот промет, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
Кражбата синоќа околу 20:30 часот во ЕИК-Скопје ја пријавил вработен во обложувалницата. Според пријавата, маскираните крадци го скршиле шалтерското стакло и со закана со пиштол им наредиле на вработените дневниот промет да го стават во кеса, по што избегале. Одзеле засега неутврдена сума пари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски