Македонија
23. October 2018 - 15:25

Ограбена спортска обложувалница во Јосифово

Вчера во 08,00 часот во Полициската станица Валандово, пријавено е дека на 21/22.10.2018 година во времето од 12,00 до 08,00 часот непознат сторител извршил кражба во спортска обложувалница во с.Јосифово.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата и одзел две куќишта за компјутер и мал сеф во кој имало околу 100.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.