Македонија
22. November 2017 - 13:30

Ограбена бензинската во Козле

Ноќеска во 00,40 часот во СВР-Скопје, С.К вработен на бензинска пумпа “Макпетрол“ лоцирана на ул.„Козле“, пријавил дека непознато лице со качулка на главата и со закана со пиштол извршил разбојништво при што биле одземени парите од дневниот промет. 

По разбојништвото сторителот го напуштил местото на настанот. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.