Македонија
26. October 2015 - 13:06

Ограбена бензинската „Макпетрол“ кај село Дељадровце

Во скопското село Дељадровце околу 02,30 часот по полноќ, е ограбена бензинската пумпа „Макпетрол“.

Како што соопшти денеска МВР, три непознати лица со закана со огнено оружје и хебла извршиле разбојништво над еден вработен одземајќи околу 4.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.