Македонија
20. November 2017 - 14:34

Ограбена бензинска пумпа на патот Струга - Велешта

Бензинска пумпа на регионалниот пат Струга - Велешта, кај местото викано „Мороишки мост“, е ограбена рано утрово околу четири часот при што од вработените се одземени 32.400 денари.

Кражбата ја извршиле три маскирани лица од кои две биле вооружени со пиштоли. Тие на двајцата вработени им ги одзеле чантите во кои имале пари од дневниот промет. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.