Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари

Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Инвестицијата на Алказар Енерџи, како што вчера најави премиерот Мицкоски, ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.
-Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор, изјави Мицкоски вчера на поставувањето камен-темелник на новата спортска сала „Џексон" во Штип.
Нагласи дека за проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
