Официјално: Изборите во Косово ќе се одржат на 6 октомври
Претседателот на Република Косово Хашим Тачи попладнево донесе одлука за прогласување на предвремените парламентарни избори во земјата, а како датум на нивно одржување го одреди 6 октомври.
Во одлуката на Тачи, доставена до медиумите од сттрана на неговиот кабинет, се наведува дека е побарано од Централната изборна комисија да ги преземе потребните дејствија за организирање на изборниот процес.
– Поаѓајќи од уставните и законските одговорности, претседателот Тачи донесе одлука вонредните избори за Собранието на Република Косово да се одржат на 6 ноември 2019 година. Од Централната изборна комисија е побарано да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите за Собранието на Република Косово, согласно оваа одлука и законодавството кое е на сила, се вели во соопштението од кабинетот на Тачи.
Откако на 19 јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, пратениците во косовското Собрание минатиот четврток, на 22 август, со двотретнско мнозинство ја изгласаа одлуката за самораспуштање на законодавниот дом. Декретот за распуштање на овој, шести по ред, парламентарен состав, Тачи го потпиша претпладнево и најави дека мошне бргу ќе го објави и датумот за одржување на предвремените избори.
Ново на Сител
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани