Фудбал
13. July 2015 - 13:53

Oфицијално, Беговиќ нов голман во Челзи

 
 
Босанскиот репрезентативец Асмир Беговиќ од денеска официјално е нов член на англискиот шампион Челзи.
 
„Сините" од Лондон со Беговиќ потпишаа 4-годишен договор. Тој е второто засилување на ,,Стенфорд Бриџ"по Радамел Фалкао кој дојде на позајмица од Монако. 
 
Претходните 5,5 години, Босанецот ги помина во Стоук за кого одигра 172 настпревари и се промовира во еден од најдобрите голмани во англиското првенство.
 
„Среќен сум што дојдов во Челзи, по разговорот со Мурињо сметам дека можам да придонесам за развојот на екипата и со нетрпение го очекува стартот на подготовките в среда", изјави Беговиќ за интернет страницата на Челзи.
 
Сепак, тој нема да биде прв избор на голот на лондонскиот клуб бидејќи таа чест ќе ја има Тибо Куртоа.