Официјална Атина: Ципрас не потпишал коминике со „Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по минатонеделната средба со францускиот претседател Франсоа Оланд не потишал заедничка изјава во која стои уставното име на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.
Ова го соопшти Кабинетот на Ципрас кој реагираше по пишувањата во грчките медиуми дека грчкиот премиер потпишал коминике во кое нашата земја е ословена како Македонија. Написите во медиумите почнаа по изјавата на пратеникот на опозициската Нова демократија Константинос Скрекас кој за телевизијата „Антена“ рече дека „Владата мора да одговори зошто во заедничка изјава по средбата Ципрас Оланд стои името Македонија“.
Грчките медиуми сето тоа после го претворија во наслови и коментари дека Ципрас потпишал заедничка изјава во која стои Македонија, се согласил да стои името Македонија, прашуваа дали тоа било во консултација со Владата во Атина или едностран потег и слични претпоставки.
Кабинетот на Ципрас му порача на Скрекас да „посвети внимание на некои основи на францускиот јазик, за да може да разбере“ дека текстот во кој се спомнува Македонија е само транскрип од изјавата на Оланд после состанокот со лидерите на европските социјалдемократи.
Во соопштението се посочуваат и линкови до тексот и видеото од изјавата на Оланд.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
