Loading Video...
Фудбал
14. October 2020 - 20:04

Офанзивно против Грузија

Вечерва дерби натпревар  на Арената тоше Проески во рамките на Лигата на нациите ќе одиграат репрезентациите на Македонија и Грузија.  Мечот е важен од повеќе аспекти бидејќи се игра во предвечерјето на бараж дуелот за ЕП кој ќе се одигра во Тбилиси на 12. Ноември. Македонската фудбалска репрезентација е пред нов предизвик. Со десеткуван состав да се совлада  квалитетната селекција на Грузија за да се обезбеди првото место во групата.  Селекторот Ангеловски во отсуство на повредените и суспендирани Бејтулаи, Адеми, Муслиу и Барди ги повика Дориев, Тотре, Мицевски и Китановски и заедно со стандардните репрезентативци на чело со капитенот Пандев ќе се обидат да го поправат впечатокот од гостувањето во Талин каде одигравме 3-3 со Естонија.  
СЕлекторот на гостите Владимир Вајс исто така има проблеми со составот и најави тежок натпревар за грузиската селекција исто како на првиот меч во Тбилиси кој заврши без победник 1-1.  
Средбата се игра вечерва со почеток во 20.45ч без присуство на публика. Судиската четворка  е од Полска на чело со Бартош Франковски.