Одзивот на референдумот во Венето над 50 отсто
На денешниот референдум за поголема автономија на северниот италијански регион Венето, гласале над 50 отсто од регистрираните избирачи, со што резултатите од изјаснувањето ќе бидат валидни.
Според податоците до 19 часот, на референдумот во Венето гласале 51,9 проценти. Гласањето трае до полноќ.
Паралелно со Венето, референдум за поголема автономија денеска се одржува и во соседниот регион Ломбардија.
Со референдумите жителите на двата региони треба да се изјасната за предлозите за поголеми надлежности на регионалните власти и за задржување на поголем дел од даночните приходи во регионалните буџети.
Референдумите имаат консултативен карактер и неговите резултати нема да бидат обврзувачки, бидејќи според Уставот на Италија степенот на автономија на регионите се регулираат само преку прегооври межу централните и регионалните власти.
Доколку референдумите бидат успешни и мнозинството од жителите на двата региони се изјаснат за поголема автономија, регионалните власти ќе добијат „народен мандат“ за отпочнување процес на преговори со Владата во Рим.
Италија има 20 региони од кои пет - Трентино-Алто Адиџе (Јужен Тирол), Вале Д’Аоста, Фрули-Венеција Џулија, Сардинија и Сицилија, поради историски или географски причини имаат повисок степен на автономија од останатите 15.
Во Венето и Ломбардија живеат речиси една третина од вкупниот број жители на Италија и овие два региони создаваат значителен дел од италијанскиот брутно домашен производ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар