Одземено детето од родителот кој го тепаше

Институциите реагираа по вчерашната објавена снимка на која маж тепа дете.
– Во врска со случајот со видеото што се ширеше на социјалните мрежи ве информираме дека Центарот за социјални работи во Свети Николе веднаш постапи по случајот. Врз основа на сознанија за груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите, а во најдобар интерес на децата, Центарот за социјални работи Свети Николе донесе решение со кое привремено им ги одзеде двете деца на семејството – потврдија од Минитерството за труд и социјална политика, објавува Досие.мк
Сведоштвата на социјалните мрежи се стравични и одат дотаму дека сопружниците ги искористуваат децата за пари па дури и барале донации за да им купат пелени. Кога некој немало да им угоди настанувала кавга и навреди. Некои од големите хуманитарни здруженија се огласија дека ова семејство навистина има проблем оти и нивна помош злоупотребиле, пишува Досие.мк
На видеото мажот кој го тепа детето не е татко, туку очув. Со жената која седи до него и не реагира имаат уште едно дете. Таа има и претходен маж со кој неофицијално има уште едно дете.
Сега за децата ќе се грижи старател и тие ќе бидат соодветно згрижени. На несовесните родители ќе им се одземе родителското право , а а очувот има предлог за изрекување приверемени мерки за заштита од семејно насилство.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
