Одземен пасошот на 18-годишникот што ја прегази Верица
Од Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ велат на 18-годишникот кој на 7. април ја прегази Верица Белчовска на пешачки премин во Струмица му е одземен пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата.
„До несреќата дошло кога автомобил нисан удрил во пешак кој преминувал на пешачки премин, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Јавниот обвинител веднаш по несреќата издаде наредба за обезбедување на сите докази и траги на лице место и даде насоки за откривање на сторителот. Подоцна истиот ден, возачот на автомобилот, на возраст од 18 години, самиот се пријавил во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Струмица за осомничениот определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и тој веќе даде свој исказ пред јавниот обвинител во кој не негира дека го сторил делото”, информираат од обвинителството за „Слободен печат“.
По смртта на Верица, нејзините органи беа донирани и трансплантирани.
Нејзиното срце продолжи да работи во градите на 22-годишниот Иле Стрезоски од тетовското село Брвеница, кој имаше срцева болест и се наоѓаше во животозагрозувачка состојба. Освен тоа, нејзините бубрези и коскени ткива беа донирани, спасувајќи животи на повеќе пациенти.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија