Одржана обука за процесуирање случаи на корупција за судии, обвинители, истражители

Над 20 судии, јавни обвинители, истражители, претставници од Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, од Царинската управа и од други агенции за спроведување на законите учествуваа на дводневна обука за репресија на корупцијата како и на соодветно и ефективно спроведување на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка.
Обуката, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, беше одржана во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а поддржана од експертите од Германија, јавната обвинителка Корнелија Гедик и судијата за кривични дела, Себастијан Шустер, кои ги споделија нивните искуства и понудија решенија за подобрување на локалната судска пракса.
- Имаме многу слични судски и правни системи, па така преку практични примери од Германија се обидовме да го унапредиме спроведувањето на законите во земјата-корисник. Борбата против корупцијата е многу комплексна, па така обуките како оваа, се одлична можност за размена на заења и практични вештини, со иста цел, поефективно и поефикасно да се направи процесуирањето на случаи, поврзани со корупција, вели јавната обвинителка Гедик.
Долгогодишниот судија во кривични постапки во Германија, Себастијан Шустер нагласи дека е од особена важност судиите да бидат професионални и непристрасни. - Клучниот дел од судството се самите судии. Нивната главна задача е да ги штитат владеењето на правото и човековите права на правичен и ефективен начин. Не смеат никогаш да дозволат политички и економски центри на моќ да влијаат на нивните одлуки, додава тој.
Обуката беше спроведена во рамките на компонентата 3, во која се предвидени слични обуки, кои имаат за цел да го унапредат теоретските и практичните знаења на локалните институции во процисуирање на случаи на корупција.
ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ го финансира ЕУ, а заеднички го спроведуваат Сојузната служба за администрација на Германија и Државната комисија за спречување корупција.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
