Одржан четвртиот Заеднички управен одбор на националните институции и ОН
Постигнатиот напредок во спроведување на Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ОН за 2016-2020, реализираните резултати од работата на агенциите на ОН во 2019 година и приоритетните планови за 2020 во петте области: вработување, добро владеење, социјална инклузија, одржлива животна средина и родова еднаквост, беа тема на дискусија на четвртиот годишен состанок на Заедничкиот управен одбор на националните институции и Обединетите нации за Рамката за развојна соработка со ОН посветена на Партнерството за одржлив развој што денеска се одржа во Министерството за надворешни работи.
Овој документ го опфаќа колективниот придонес на системот на ОН за реализирање на националните развојни приоритети.
На состанокот на Одборот, со кој копретседаваа министерот за надворешни работи Никола Димитров и резидентната координаторка на ОН во држвава Росана Дуџак, шефот на дипломатијата го поздрави континуираниот ангажман на ОН во земјава и истакна дека тој има цел да го зајакне капацитетот на земјата во клучните сектори и да ја промовира реформската агенда потребна за исполнување на барањата за пристап во ЕУ, нагласувајќи дека нашата ЕУ агенда е комплементарна и со таа на ОН.
-Овие пет приоритетни области се тесно усогласени со нашите национални приоритети. Драго ми е што тимот на ООН во нашата земја воспостави тесна соработка со релевантните министерства и ја поддржа Владата во некои од нејзините клучни приоритетни области, давајќи релевантен и важен придонес кон развојот на Македонија. Ги поздравувам заедничките напори за иницирање на подготовките на новата Рамка за развојна соработка на ООН со Македонија за периодот 2021-2025 година и би сакал да истакнам дека реформите во областа на добро владеење, борба против корупцијата, реформа во судството, како и зајакнувањето на социјалната кохезија треба да бидат во центарот на приоритетите на Македонија. Постојаниот ангажман на ООН во Македонија е неопходен за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори и за промовирање на реформската агенда за исполнување на барањата за пристапување во ЕУ, рече Димитров.
Тој извести за намерата на нашата земја да го презентира Доброволниот национален преглед (VNR) на следниот Политички форум на високо ниво што ќе се одржи во јули следната година во Њујорк.
-Доброволниот национален преглед по својата форма и содржина има цел да го следи напредокот во спроведувањето на Агендата 2030, вклучително и Целите за одржлив развој (ЦОР), на национално и меѓународно ниво, потенцира Димитров.
На состанокот, како што информираат од МНР, беа разгледани и усвоени заклучоците и препораките од финалната евалуација на Партнерството за одржлив развој: Стратегија на ОН за 2016-2020. Членовите на одборот се осврнаа и на тоа како најсоодветно да се искористи и насочи поддршката што држвава ја добива од системот на ОН и од тимот на ОН во земјата со цел реализирање на нашите развојни приоритети, како и на поврзаноста на овие активности со евроинтеграцискиот процес и со Целите за одржлив развој (ЦОР). Се дискутираше и за Новата рамка за развојна соработка на ОН со Република Македонија за периодот 2021-2025.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица