Одрони на патот Кочани- Делчево: Со бебе во колата летаа во воздух 20 метри, само Господ ги чуваше
Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Делчево. Возачи кои синоќа доцна се враќаа од Скопје кон Делчево алармираа за одрони кај селото Истибања. Според нивните информации одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело бебе.
-На патот околу 22:55 часот беше вистински хаос, карпи и ситни камчиња имаше насекаде по патот. Одрон падна врз бел автомобил и го исфрли настрана. Човек со мотор беше исто така исфрлен. Додека траеше застојот, еден возач возејки не ги виде карпите, помина преку нив и лебдеше во воздух 20 метри. Со бебе во колата само Господ ги чуваше, сведочат возачи.
Додека траел застојот, виделе се што се случува и за среќа се завршило без жртви.
Учесниците во сообраќајот ги известиле надлежните од ЈП „Македонија“ пат кои веќе би требало да се на терен и да работат на расчистување на одроните.
Фото: ФБ група- Ѕид на сообраќајниот срам
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит