-->
-->
Одрони на патот Кочани – Делчево
-->
Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани – Делчево. Возачи кои синоќа доцна се враќаа од Скопје кон Делчево алармираа за одрони кај селото Истибања. Според нивните информации одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело бебе.
-На патот околу 22:55 часот беше вистински хаос, карпи и ситни камчиња имаше насекаде по патот. Одрон падна врз бел автомобил и го исфрли настрана. Човек со мотор беше исто така исфрлен. Додека траеше застојот, еден возач возејки не ги виде карпите, помина преку нив и лебдеше во воздух 20 метри. Со бебе во колата само Господ ги чуваше, сведочат возачи.
Додека траел застојот, виделе се што се случува и за среќа се завршило без жртви.
Учесниците во сообраќајот ги известиле надлежните од ЈП „Македонија“ пат кои веќе би требало да се на терен и да работат на расчистување на одроните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време