-->
-->
Одредена сатницата на натпреварите за Светското ракометно првенство
-->
Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска и официјално ја објави сатницата за одигрување на натпреварите на претстојното Светско ракометно првенство што во јануари следнта година ќе се одржи во Франција.
Како што е веќе познато, репрезентацијата на Македонија ќе игра во Мец, каде во рамките од Б групата за птотивници ќе ги има репрезентациите на: Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, редоследно.
Премиерниот натпревар на Мундијалот „црвено-жолтите“ ќе го имаат на 12 јануари во терминот од 16:45 часот за кога е закажан стартот на мечот против Тунис.
Распоред група Б:
12 јануари: Македонија – Тунис (16.45 часот)
14 јануари: Ангола – Македонија (20.45 часот)
16 јануари: Словенија – Македонија (17.45 часот)
18 јануари: Македонија – Шпанија (20.45 часот)
19 јануари: Македонија – Исланд (17.45 часот)
Според пропозициите на светските првенства, најдобрите четири селекции обезбедуваат пласман во осминафиналето, каде почнува нокаут натпреварувањето, додека двете најслаби репрезентации во секоја група ќе играат во „Президент купот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори