Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
Во врска со извршено кривично дело "Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа" по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. "Крсте Мисирков", извршено е палење и кинење на државното знаме на РСМ, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, во врска со настаните лишени се од слобода осум лица.
Од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата
Ф.И., Е.Д. и С. М..
Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело "Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа" по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ