Македонија
20. November 2018 - 20:39

Одреден 30 дневен притвор за Сашо Мијалков

Притвор од 30 дена му е одреден на порaнешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија за Сител од СЈО.

Од СЈО информираат дека притворот на Мијалков е за предметот „Таргет – Тврдина“ и повеќе информации најавија за утре.

Неофицијално, Мијалков вечерва е спроведен во Истражниот затвор Скопје, а притворот е заради мерки на претпазливост за можно бегство.